среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Заев потврди дека Владата ја дозволила прославата на „Шверцери“ во МНТ

Заев потврди дека Владата ја дозволила прославата на „Шверцери“ во МНТ

На новинарско прашање во врска со скандалозната прослава на навивачката група Шверцери во Македонскиот народен театар минатиот петок, кој беше дел од прославата по повод Денот на Албанската азбука, премиерот Зоран Заев потврди дека тој настан бил дел од државната прослава за која на седница на влада бил одреден терминот и просторот.

– Ние донесовме одлука на влада, ако не се лажам, или многу често за вакви настани носиме одлука на Влада да ги дадеме термините за организација на одредена државна прослава. Овде беше државна прослава за 111 години од Денот на Албанската азбука, поделена во два дела. Едниот дел беше културна манифестација, а другиот дел испадна дека не бил баш културна манифестација- рече Заев.

Коронавирус