сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Заев потврди дека новинарот Станковиќ истовремено е вработен во Влада и во национална телевизија, Лашкоска го обвини за конфликт на интереси

Заев потврди дека новинарот Станковиќ истовремено е вработен во Влада и во национална телевизија, Лашкоска го обвини за конфликт на интереси

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска седница на која се поставуваа пратенички прашања на Зоран Заев му постави прашање поврзано со еден од неговите советници во владата. Имено, таа запраша дали новинарот, Љубиша Станковиќ кој работи во една националната телевизија, е вработен во Владата како советник на Зоран Заев, и доколку е тоа така дали тој не мисли дека станува збор за конфликт на интереси.

На ова Заев накратко одговори дека да тој има функција во Владата, но како портпарол на телото за реформи во судството, на чие чело до неодамна беше Заев, а сега истата таа функција ја превзема министерката за правда, Рената Дескоска.

Со ова, Заев потврди дека новинарот истовремено е вработен во тело оформено од неговата влада и работи како новинар.

Лашкоска констатираше дека и во овој случај се работи за судир на интереси.