сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев поплука за најважната работа: Ветуваше дека нема да го менува Уставот, сега се предомислил

Заев поплука за најважната работа: Ветуваше дека нема да го менува Уставот, сега се предомислил

„Не гледам потреба за промена на Уставот„- изјави премиерот Зоран Заев во февруари годинава. Денес, само три месеци подоцна, информира дека промена на македонскиот устав ќе има и дека ќе се смени уставното име на Република Македонија.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев.

Од февруари до мај. Толку беше потребно за македонскиот премиер да поплука по најважната работа и да го погази зборот даден до граѓаните за нешто кое за нив е од суштинска важност.

Иако ветуваше дека нема да се смени уставот, зад затворени врати тоа на големо го договарал со нашиот јужен сосед и своите грчки колеги.

Без да ја информира јавноста Заев прифатил промена на уставното име и Уставот

Во изјава по крајот на лидерската средба премиерот Зоран Заев потврди дека Република Илиденска Македонија е предлогот кој што треба да го реши спорот со  Грција. Тој кажа дека ниту тој, ниту македонскиот народ немал никакви териториални претензии кон Грција. Заев кажа дека името ќе биде за севкупна употреба, што значи дека ќе има промени во Уставот.

Коронавирус