четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 79
home Вести

Заев побара да се почитува волјата на излезените гласачи и покрај неуспешниот референдум, СДСМ немаше таков став во 2004-та година

Заев побара да се почитува волјата на излезените гласачи и покрај неуспешниот референдум, СДСМ немаше таков став во 2004-та година

Зоран Заев на својата прес конференција вечерва кажа дека очекува Собранието да ја слушне волјата на граѓаните, иако референдумот не успеа. Тој кажа дека доколку од излезените гласачи на најверојатно неуспешниот референдум кој се одржа денеска, повеќето од граѓаните гласале „ЗА“, тогаш договорот со Грција.

СДСМ како партија истиот став го немаше и за референдумот во 2004-та година, кога 95,06 проценти од гласачите гласаа за останување на старата територијална поделба во Република Македонија.

Тогаш СДСМ имаше кампања „Некои прашања не заслужуваат одговор“, повикувајќи ги граѓаните да го бојкотираат референдумот.

Огромното мнозинство од гласачите 427.112 од 444.347 излезени гласачи гласаа за останување на старата територијална поделба на Македонија.

Но, и покрај ваквиот резултат власта тогаш ја протурка новата територијална поделба.

Најнови вести

Коронавирус