среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Вести

Заев по секоја изјава се демантира самиот, Мицкоски е стабилен и стои да дадениот збор

Заев по секоја изјава се демантира самиот, Мицкоски е стабилен и стои да дадениот збор

Најновата анкета на Институтот за политички истаржувања ИПИС покажува пад на рејтингот на владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Имено, анкетата е спроведена од 1 до 4 март на 1109 испитаници а на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори одговориле 21.2 проценти за СДСМ, додека за 1.9 процент има предност опозициската ВМРО-ДПМНЕ односно дури 23.1 проценти одговориле позитивно, додека како дел од македонските партии за Левица одговориле само 4.4 проценти од анкетираните граѓани.

Она што е интересно е што од политичките партии од албанскиот блок во блага предност од само 1 процент пред Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива која има 5.9 проценти, е Демократската унија за интеграции со 6.9 проценти од анкетираните граѓани.

Додека пак само 1.1 процент од испитаниците би гласале за довчерашниот коалициски партнер на Зоран Заев со кој настапи заедно на предвремените парламентарни избори БЕСА на Билал Касами, што укажува дека најмногу од досегашното владеење најмногу има загубено токму ова аполитичка партија од албанскиот блок.

11.9 проценти од испитаниците одговориле дека нема да гласаат за ниту една политичка партија, 10.2 проценти не сакале да одговорат на анкетата, 11.4 проценти одговориле со не знам и само 3.9 проценти одговориле дека доколку следната недела би се одржале парламентарни избори ќе гласаат за друга политичка партија.

Преку ваквата анкета, аналитичарите сметаат дека се анализираат и справувањето на владата со двете кризи здравствената и економската кои се посочуваат како дополнителна причина покрај прашањето од национален интерес, за падот на рејтингот на владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Според нив, лошото или катастрофално справување со здравствената криза е показател дека власта го губи кормилото, но и не доволно вложување на самата власта и министерот за здравство Венко Филипче како ресорно министерство да се потруди околу надминување и справување со здравствената криза, која од ден на ден се повеќе се влошува.

Ако до претходно министерот Филипче беше претставен како министер кој што од прва рака ја следи ситуацијата и на дневна основа ја информира јавноста и со тоа се создаде една слика за човек кој ја заслужува почита и довербата на граѓаните, денес веќе тоа не е така, а причина за ова е неспособноста на владата и министерот да обезбедат вакцини за населението, како и различните изјави околу целата таа набавка, изјавувајќи дека првенствено вакцините ќе пристигнат во јануари, па потоа во февруари, па потоа почетокот на март, па сега крајот на месец март.

Од друга страна пак исто толку негативно влијае и економската криза која за разлика од здравствената ја чувствуваат сите. Губењето на работа, зголемената невработеност, новите задолжувања, закаснатите четири антикризни мерки, најавениот петти пакет на антикризни мерки, затворени фирми, незадоволни стопанственици е генерално сликата за македонската економија изминатата една година откако државата се соочува со КОВИД 19 пандемијата.

Но, тука мора се напомени дека владејачката СДСМ и претходно, пред здравствената криза имаше проблем со носење на добри економски политики, кои за аналитичарите ова е дополнително влошување и на така веќе лошата економија.

Кога станува збор пак за националните прашања околу спорот со Република Бугарија, аналитичарите сметаат дека власта премногу сервилно се однесува во однос на спорот, посочувајќи го тоа неславно интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, кои пак додека наиде на поздравување од бугарските политичари, во Македонија истото беше причина за будење на народот преку масовни протести кои беа во организација на ВМРО-ДПМНЕ, но и жестока реакција на експертите од фелата.
Додека, рејтингот на СДСМ и премиерот Заев опаѓа, рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски значително се зголемува, што според аналитичарите ваквото мало но значително растење на рејтингот е всушност решителноста на промени кои што Мицкоски ги презентира во јавноста.
Една од добрите политики кај Мицкоски според аналитичарите е и неодамнешната дипломатска офанзива со средби со премиери на земји членки на Европската унија, лобирањето за Македонија кај високи челници, но и домашната офанзива со бизнис заедницата и со целни групи, како и секојдневното критикување на власта, но и нудење на решенија кои пак власта не сака да ги прифати што покажува дека не е спремна за прифаќање на подадената рака од страна на опозицијата.

Генерално сликата на политичката состојба во државата е лоша, но според аналитичарите после анкетата на ИПИС веруваат дека можна е промена на владата и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори кои најверојатно ќе се одржат во октомври.

Она што е доста симптоматично, што една владејачка партија реагира на спроведената анкета од ИПИС сметајќи дека не е релевантен показател за рејтингот на политичките партии, што пак од друга страна се поставува прашањето ако СДСМ е убедена во спроведување на добри политики од страна на власта, но и на доверба од граѓаните тогаш зошто не прифати предвремени парламентарни избори кои што опозицијата изминатиот период ги бараше.

Дека власта е пред целосен колапс укажува и тенкото парламентарно мнозинство на СДСМ, но и фрлената ракавица на премиерот Заев за формирање на влада директно вклучувајќи ја опозицијата, но откако не беше прифатено од страна на опозицијата велејќи дека пак со криминална влада нема да прават, премиер Заев кој по секоја негова изјава мора да се дообјаснува или се демантира, го направи и овој пат истото па изјави дека не планирал влада со Мицкоски бидејќи како што рече со него не можел да се договори.
Ваквата изјава на Заев, за експертите е само потврда дека лидерот на опозицијата Мицкоски си стои на зборот и на ветувањата од минатото дека нема концесии и нема преговори со луѓе кои работат на штета на граѓаните, укажувајќи дека од ваквите мали гестови може да се процени дека Мицкоски се што ветил во иднина го исполнува, што дава легитимитет да му се верува како на иден човек кој ќе ја предводи идната влада.

Најнови вести

Локални избори 2021