сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Заев панично побара од Мицкоски поддршка од вмровски пратеници, Мицкоски со одговор: Силно ќе загубите, нема пазари!

Заев панично побара од Мицкоски поддршка од вмровски пратеници, Мицкоски со одговор: Силно ќе загубите, нема пазари!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на ТВ дуелот на Телевизија 24 самиот си го најави поразот на претстојните парламентарни избори.

Заев во паника побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поддршка од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, на што Мицкоски му одговори дека нема пазари за ВМРО-ДПМНЕ, на изборите на СДСМ му следи најголем пораз досега.

Имено, Заев изјави дека цената на ДУИ за Албанец да биде премиер не може да ја прифати и затоа, без поддршката од актуелниот владин партнер панично побара помош од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сум спремен со ВМРО-ДПМНЕ и сум спремен да отстапам со разговор со нашите пратеници, 13  пратеници на господинот Мицкоски или колку ќе му требаат за 61 пратеници тој да формира малцинска влада или ќе бараме од него да отстапи 6 или колку ќе ни требаат нас за да може да формираме малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, изјави Заев.

На тоа Мицкоски одговори дека  ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада и постојат други кои што се дел од коалицијата „Можеме“, а кои што се дел од пратеничките листи и самите изразуваат желба во иднина да ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Математиката не ви е добра страна. И оваа математика е добра за општинските организаии на СДСМ, но после 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ нема да му требаат повеќе од 1 или 2 пратеници за да формира влада, а има повеќе кои овој изборен период сакаат да ги поддржат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

 

Парламентарни избори 2020