сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев падна пред барањата на Мицкоски, избори на пролет

Заев падна пред барањата на Мицкоски, избори на пролет

После лошите вести за Република Македонија за не добивање на датум за почеток на преговорите со Европска Унија, земјава влегува во нова изборна трка. Криминалот и корупцијата кои натежнаа врз земјава и притисокот од опозицијата, граѓаните и државата го натераа Заев на предвремени избори. Премиерот прво се противеше, но после ги прифати барањата на Мицкоски изборите да бидат на пролет.

Зоран Заев на 17 јули оваа година изјави дека нема намера да исполнува желби и дека не сака да оди на предвремени избори, тој велеше дека најрано може да прифати избори во октомври, наспроти тоа лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски постојано нагласуваше дека изборите мора да се случат на пролет.

Заев не додржа на ставот и по големиот број неуспеси на неговата влада, криминалот и корупцијата ги прифати барањата на Христијан Мицкоски.

Вчера на лидерската средба во претседателската вила на Водно, двете македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и 5 партии од албанскиот блок постигнаа договор за распуштање на собранието и одржување на избори на 12 април наредната година, со претходно формирање на техничка влада каде што 5 министерства, од кои 2 министерски места во МВР и МТСП и три заменски во МЗШВ., МИОА и МФ ќе ги има опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус