петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Вести

Заев откри кои биле другите кандидати на СДСМ за претседател: Можев да трчам и со Шекеринска… (ВИДЕО)

Заев откри кои биле другите кандидати на СДСМ за претседател: Можев да трчам и со Шекеринска… (ВИДЕО)

Не биле само Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров кандидати за претседател од СДСМ.

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев призна кои биле можни кандидати, признавајќи дека меѓу нив имало и Албанци.

Тој ги откри имињата ексклузивно во емисијата „ClickPlus”.

За својот противкандидат Блерим Река, премиерот Зоран Заев вечерва во „Клик плус“ истакна дека го почитува многу, но дека му замерува што бара поддршка само од Албанците, додавајќи дека треба да бара гласови и од Македонците.

На прашање што должи на Албанците, што воедно беше и темата на вечерашниот „ClickPlus”, премиерот Зоран Заев одговори дека никому ништо не должи, дека се залагал за Албанците, и така станал најпопуларен политичар кај Албанците.