недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Заев откри дали склучил договор со Ахмети: „Пополекичка, кротко, ќе биде“

Заев откри дали склучил договор со Ахмети: „Пополекичка, кротко, ќе биде“

На новинарско прашање дали на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети значи дека се постигнал договор околу Тетово или сепак СДСМ ќе излезе со свој кандидат за овој град, Заев рече:

-Пополекичка, кротко, ќе биде. Зошто? Затоа што се работи за коалициони партнери, со кои имаме голема доверба. Секако, во некои работи сме различни, тоа јавноста го знае, но секогаш сме се обидувале да изнајдеме решение, затоа што довербата и одговорноста е голема, да го водиме мнозинството во парламентот, а со тоа и извршната власт. Ваквите предизвици изискуваат време. Прво да видиме кои се кандидатите, номинирани од сите партии. Затоа реков за да побарате поддршка од помалите партии, треба да понудите и квалитетно решение, од она што имате на располагање, затоа што повикувајќи ги нашите членови и поддржувачи мора да имате аргументации за самите кандидати. Тоа се однесува за целата земја, не само за Тетово. Верувам дека низ ликовите за кандидати ќе ги изнајдеме решенијата. Направив средба со Тачи, со Бињал, денес имам средба со Ахмети и уште еднаш ќе потврдиме дека желбата за заеднички настап е присутна, а деталите и јас и тој денес не можеме да ги кажеме денес, постапките траат. Верувам дека на крајот ќе постигнеме заеднички настап затоа што ни е обврска на сите, а истовемено се надевам сите заедно ќе ја неговаме филозофијата за едно опшество за сите. Значи ќе бидат проткаени мултиетнички листи, со мултиетничка карактеристика на кандидатите, рече тој.