вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев освен правдоубиец стана убиец на медиуми, од каде знае дека има истраги против медиуми освен ако не е нарачател на истите

Заев освен правдоубиец стана убиец на медиуми, од каде знае дека има истраги против медиуми освен ако не е нарачател на истите

Поранешниот премиер Зоран Заев не прифаќа да дојде на дуел со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во Алфа телевизија. Посебна причина за ваквата одлука не даде, само со заканувачки тон порача ќе сме виделе зошто. Поканата на телевизија Алфа не беше најдобро прифатена ниту од партиското членство, кое беше присутно на прес конференцијата на лидерот на СДСМ.

-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата, изјави Заев.

Заев порача и дека не му се допаѓала уредувачката политика на Алфа, дури и спомена некаква истрага против медиумот, за кои барем од телевизијата немаат никаква информација. Запрашан за каква истрага станува збор, се поправи дека не станувало збор за истрага, вели мислел на контрола од Финансовата полиција.

-Беше споменато при едно интервју од Финансова полиција дека имало контрола, не знам дали има истрага, дали има предистрага или слично, дека имало контрола порано, изјави Заев.

Тука се поставува прашањето од каде поранешниот премиер, а сегашен претседател на СДСМ има нови информации од институции со оглед на тоа што Заев не е носител на раководна функција.

За нападите кон медиуми кои што се критички настроени кон работата на власта, реагираше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој за ваквите потези на Заев и СДСМ, го известил и претседателот на Националниот совет на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка.

-Знаете вчера ваш колега беше осуден, не верувам дека тоа е европско однесување. Се осудуваат новинари коишто се критичари на власта, се напаѓаат медиумите кои што се исто така критичари на власта. Практично имаме една ситуација која личи на се, но не на држава која сака да биде дел од ЕУ, изјави Мицкоски.

Коронавирус