среда, 23. септември 2020. Вести денес: 99
home Вести

Заев остави „аманет“ за незавршени реформи, Мизрахи обвини дека во образованието сработиле едно големо НИШТО

„Аманет. Вид збор: Именка, машки род. Доверување на чување или извршување на нешто, потпирајќи се на чест. За да има аманет треба да има чест. Која чест ја заслужува оваа влада без образ?“.
Заев остави „аманет“ за незавршени реформи, Мизрахи обвини дека во образованието сработиле едно големо НИШТО

Зоран Заев како премиер кој ја напушта функцијата, денеска остави аманет за структурната реформа на образованието.

Реформата, како што истакна тој, е многу е значајна и ќе даде дополнителни шанси за унапредување и на квалитетот за работа на учениците, но и на наставаниците и професорите.

Но, каков е овој аманет, ако се знае фактот дека овој најважен сегмент, овој столб за иднината на државата моментално е во тотален колапс. Гласните пресови со големи ветувања останаа празни на дело, а „Планот за живот“ остана само хартијата.

Ветуваа многу, но не остварија ништо од европски принципи за европско образование.

СДСМ и Владата на Заев „удрија“ по образованието и откако ги скратија средства со Ребалансот на Буџетот, иако со програмата „План за Живот“ ветуваа дека буџетот за наука ќе се зголеми за 50%.

Наместо зголемување, скратија од изградба на основни и средни училишта и изградбата на спортски сали, се скратија средства за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови, се скрати во професионален развој на воспитно-образовниот кадар во основното и средно образование…

Претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во изјава за КУРИР вели дека во изминатите три години не видовме апсолутно ниту една реформа во образованието.

-Дека образованието не е, ама буквално НЕ Е ПРИОРИТЕТ и со НИКАКВО ЗНАЧЕЊЕ за оваа Влада зборува и Извештајот од ребаланс на буџетот за 2019 како и буџетот за 2020 во кои брутално се искасапени сите ставки, инфраструктура, кариерно напредување на наставниците, наставни планови и програми, наука, наставна и академска литература… Па оттука и прашуваме, за каков аманет не повикува Премиерот кога неговата влада направи само едно големо НИШТО, вели Мизрахи во изјава за КУРИР и додава:

„Сакаме да потсетиме дека достоинството на професијата НАСТАВНИК, не подразбира само плата, туку куп на мерки кои треба заеднички да го вратат достоинството на оваа професија и да го зголемат квалитетот на нејзиниот аутпут. Сепак, по прашањето на платите, го потсетуваме Премиерот во заминување на неговата програма и ветувањата дека во рок најдоцна од една година платите на наставниот кадар требаше да бидат не пониски од 30.000 денари. Воедно го предупредуваме дека народот ги следи случувањата во државата и повеќе од јасно е дека обидот да се протнат законите за покачување на платите по пат на уцени, не е ништо повеќе од политичка корупција пред избори. Сепак, не е за изненадување ако знаеме дека тоа е истиот оној премиер чие владеење го обележаа најголемите коруптивни скандали и рекет во историјата на Македонија. Оваа држава заслужува Влада која во образованието ќе направи вистински реформи и ќе ги почитува законите и договорите во неа“.

Мизрахи потсетува и дека аманет е вид збор- именка, машки род и има значење: 1.Доверување на чување или извршување на нешто, потпирајќи се на чест.

-За да има аманет треба да има Чест. Која чест ја заслужува оваа влада без образ, прашува претседателката на Комисијата за образование и наука.

 

Коронавирус