сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 52
home Вести

Заев остана без честитки од Меркел, Меј, Курц…

Заев остана без честитки од Меркел, Меј, Курц…

Молк од британската премиерка, Тереза Меј, молчи и германската канцеларка Ангела Меркел. Ни го слушнавме ни нивниот австриски колега Себастијан Курц… Дали тие ми честитаа на премиерот Зоран Заев за „успешниот“ референдум на кој излегоа околу 662.000 гласачи или само 37 отсто од оние со право на глас. Како овој референдум е успешен знае веројатно само Заев, пишува Република.

Се чини неговиот тим синоќа голташе кнедли додека тој се фалеше со успехот и со волјата на граѓаните да кажат „За“ за промената на уставното име.

-Заев од парите на народот потроши 80 милиони денари за да го убеди да излезе и да го даде својот глас за промена на уставното име. Го убедуваше народот со ТВ реклами, билборди, реклами во печатените медиуми, средби со граѓаните… Не успеа да ги убеди ни оние кои на изборите во 2016 година гласаа за него и неговата СДСМ. Во стилот на СДСМ тука се поставува прашањето – колку Тамари ќе беа спасени со овие пари?! Заев ги потроши за да доживее фијаско кое ќе го претстави како свој најголем успех. Се чини го надмина и Амди Бајрам во неговите пресетки на проценти кога доаѓаше до неверојатните 102,3%. Каде се околу 50 000 гласови кои СДСМ ги доби како поддршка на изборите. Каде се околу 60 000 гласа на ДУИ?! Ни кампања, ни притисок, ни пари не ги натера дел од неговите поддржувачи кои да излезат и да ја поддржат политиката на оваа влада предводена од СДСМ. Граѓаните беа револтирани од лагата во прашањето. Тие бараа да се изјаснат дали се за промена на името, а не дали се влез во ЕУ и НАТО под вакви или онакви услови. Затоа избраа со излегување јасно да кажат НЕ на промената на уставното име. Не се против ЕУ и НАТО. Но се против тоа земјава да влезе по секоја цена, или поточно по цена на промена на устав, име, идентитет,  пишува порталот.

Цензус немаше. Зоран Заев на Си-Ен-Ен рече дека 75% од граѓаните ќе го поддржеле на референдумот. Некако бројките одат поинаку. Речиси 65% не го поддржаа, 1 200 000 гласачи останаа дома. ВМРО-ДПМНЕ конкретна кампања за бојкот немаше. Остана доследна на своето – народот сам треба да одлучи дали ќе го промени уставното име. Тоа не може да биде ниту одлука на Заев, ниту одлука на Мицкоски. Но Заев не смета така. Тој смета дека има право да го промени името на државата спротивно на волјата на граѓаните. Затоа што тој смета неговата волја е волја на граѓание. Затоа што тој е демократа човек, како што самиот се нарекува

Коронавирус