сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев одбива да го прими Бранко Героски

Заев одбива да го прими Бранко Героски

Премиерот Заев одбива да го прими на средба новинарот Героски, кој во серија колумни пишуваше за рекетот врз македонски бизнисмени, кој се претпоставува дека го вршат високи функционери на СДСМ заедно со веќе уапсениот Бојан Јованоски, со тоа што ја искористувале нивната блискост со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Новинарот Бранко Геровски гледам јавно побара средба со мене токму повикувајќи се на еден текст токму на таа тема. Уште еднаш во духот на тоа што претходно го кажав, има истражни органи и треба да оди таму да си пријави. сите документи, сите докази на еден жанр кој што го направи, ред е да оди да ги пријави заради тоа што презумцијата на невиност постои за секого. Ред е да оди таму и да ги пријави, нема што кај Заев јас не сум иистражител, обвинител. Јас пијам кафе со секој, јас седам со секој и немам проблем но на оваа тема нема што да разговара со мене. Треба да си пријави во истражните органи, Јавното обвинителство, МВР или ако е нешто финансиски во Финансова полиција. Каде тој мисли дека е соодветната институција за доказите и аргументите што ги има за ваков жанр да прави треба да си ги пријави, рече Зоран Заев од прес центарот на Владата на Македонија.

Имено новинарот Бранко Героски преку една од своите колумни побара пријателска средба со премиерот Заев, за како што напиша сакал лично да му објасни зошто било важно тој сам да ја решел кризава која наста по случајот “Рекет“, во кој се претпоставува дека се вклучени и високи функционери на владеачката СДСМ.

Коронавирус