петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 132
home Вести

Заев одбил помош за вакцини од Русија!

Заев одбил помош за вакцини од Русија!

Македонија не испратила одговор на добиената понуда од Руската Федерација за набaвка на вакцината Спутник V, информираше вечерва во Дневникот на Сител економскиот советник во амбасадата на Русија.

-Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руска вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство.На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор, рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител.

Запрашан за тоа кои земји ја нарачале досега, Хрисанфонфов вели:

„Повеќе од 50 земји испратија барања за набавка на над 1,2 милијарди дози Спутник V. Меѓу нив е Аргентина, каде вчера стигна првата и многу голема испорака на вакцината, а вакцинирањето ќе почне пред 31 декември. Исто така вакцината ја набавија Босна и Херцеговина, Бразил, Унгарија, Венецуела, Египет, Индија, Индонезија, Република Кореја, Мексико, Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Филипини. Вакцината за набавка на странски пазари ќе се произведува кај меѓународни партнери на Рускиот фонд за директни инвестиции во Индија, Бразил, Кина, Република Кореја и други земји“.

Коронавирус