вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 160
home Вести

Заев одби ТВ-дуел со Мицкоски на тема спорот со Бугарија

Заев одби ТВ-дуел со Мицкоски на тема спорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 денеска го одби повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ТВ-дуел за спорот со Бугарија.

„Пет пати сум прифатил дуел, а сега причината е Бугарија. Треба да посветиме време на поконкретни работи. Сите знаат во што е суштината на проблемот, цела Европа заедно со САД знае. Ќе прифатам кога ќе има суштина за ТВ-дуел“, рече Заев.

Според премиерот, само на Мицкоски му треба декларација за македонскиот јазик и македонскиот народ.

„Ме обвинува дека правам предавствво. Па тогаш до сега требаше ветото да биде тргнато“, додаде Заев.

Локални избори 2021