сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Од утре ги отвораме границите без тест за Ковид-19

Заев: Од утре ги отвораме границите без тест за Ковид-19

Иако утре е празничен ден, за нас е почеток на неделата, ќе можат граѓаните да патуваат во соседните земји без тест за коронавирус, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Во соседните земји од регионот, овде не станува збор за Грција, а незнам со Бугарија конечно како е, но одлуката во регионот на Западен Балкан е донесена, така што границите ќе бидат отворени и граѓаните ќе може да патуваат во соседните земји, но апелирам само тогаш кога е најнеопходно, истакна Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали вечерва од полноќ македонските државјани ќе можат да патуваат во соседните земји без PCR тест.

Сите, посочи премиерот, имаме исти бројки на заразени, трендот на растот е ист и дефинитивно не треба да правиме пречка за мобилноста, што значи економија, живот за граѓаните, но да патуваме тогаш кога можеме.

– Онлјан, по телефон, разговори секојпат можеме да ги практикуваме за било што. Препорачувам да се патува само кога е неопходно заради тоа што само на тој начин ќе го заштитиме и сопственото здравје и здравјето на сите, потенцира Заев одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во работа на далекуводот Неокази – Пробиштип.

Коронавирус