четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Вести

Заев од одмор до Пендаровски: Стево, се гледаме наскоро во Скопје

Заев од одмор до Пендаровски: Стево, се гледаме наскоро во Скопје

Зоран Заев, премиерот на Македонија, додека ги користи четирите дена одмор му ја честиташе денешната инаугурација на Стево Пендаровски како нов претседател на Македонија и му порача дека наскоро ќе се видат во Скопје, што значи дека сепак шефот на Владата нема да присуствува на свеченоста во Собранието.

„Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ.”, му порача Заев на Пендаровски.

Премиерот во петокот објави дека во наредните четири дена ќе биде на одмор, но не е познато каде ќе ги користи слободните денови.