среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Заев од Крушево: Илинденското востание е крик за европска Северна Македонија

Заев од Крушево: Илинденското востание е крик за европска Северна Македонија

Премиерот на Македонија, Зоран Заев на денешното обраќање од пред споменикот Мечкин Камен во Крушево, порача дека сегашните и нови генерации треба да го продолжат патот на илинденците.

-Сите ние сме деца на Илинден. линден е симбол за нашата борба и човечки правдини. Илинден е водилка за сите деца на нашите деца. Првите илинденци се бореа за Крушевската република, вторите за асномската. Првите и вторите илинденци од 1944 се бореа за иднината, а не за минатото. Затоа ние денеска сме сите деца на Илинден. Продолжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, патриотска должност ни е да се помириме и обединиме внатре. Илинденското востание е крик за европска Северна Македонија. Во секој граѓанин на Северна Македонија има по еден партизан и комита, истакна Заев од Крушево.

Коронавирус