петок, 14. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев од Гостивар: Овој град е извор на концептот едно општество за сите

Заев од Гостивар: Овој град е извор на концептот едно општество за сите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва им оддаде почит на гостиварци велејќи дека нивниот град бил изворот на концептот едно општество за сите. „Тој дух на Гостивар го потврдуваме низ целата држава“, рече Заев на граѓанска трибина во Гостивар.

„Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, пример на единство и сплотеност. Тоа е иднината, тоа единство и заедништво е единствениот исправен пат, модел кој може да на јакне и на економски план, и како народ и како држава и како луѓе“, зборуваше Заев.

Тој потоа посочи што правеле другите: „Сега ги гледате, дојдоа изборите и повторно ДУИ за албанштината, а ВМРО ДПМНЕ за македонштината. Зошто ДУИ 12 години не го носеше Законот за јазици, се плашеа за рејтингот и кариерата? Но, дојдовме ние и го решивме прашањето. Се лажеа насекаде граѓаните дека сите ќе изгубиме, но дали е така? Имавме храброст за сите одлуки што ги носевме“

Заев изјави дека коалицијата на СДСМ ќе освои двојно повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе победи и пред ДУИ и пред Алијансата за Албанците. „Го слушам ДУИ сака Албанец за премиер. Не можат да ни продаваат такви филмови нам. Тие не се борат за народот, се борат за власт и пари. Не може никој толку години да биде власт, навлегуваат во институциите и го узупираат системот. Нека знаат дека сега нема НАТО, ЕУ, Грција, Бугарија, сега имаме работа дома. Ги имаме сите фронтови отворено пред нас, треба да се биде економски патриот“, рече Заев.

Коронавирус