петок, 14. август 2020. Вести денес: 8
home Вести

Заев од Гостивар: Едно општество за сите е нашиот пат по кој чекориме

Заев од Гостивар: Едно општество за сите е нашиот пат по кој чекориме

Едно општество е единствениот исправен пат кон подобра иднина. Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, пример на единство и сплотеност. Духот на Гостивар го потврдивме низ целата држава. Тоа е модел кој може да нѐ јакне и на економски план, и како народ, и како држава и како луѓе.

Затоа коалицијата #Можеме ќе победи, бидејќи ние сме за сплотеност и економски патриотизам, тие за поделби и национализам. Во изборната единица 6 ќе ги победиме ДУИ и Алијансата на Албанците, а од ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме двојно повеќе пратеници.

Заедно #можеме уште повеќе, заедно можеме уште подобро, бројот 3 е иднината и среќата на нашата држава!

Коронавирус