четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев очекува „позитивен сигнал“ за кинеските вакцини: Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја

По веста и безбројот на реакции на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев не сакаше денес да лицитира со датуми кога ќе стигнат вакцините, но рече дека веќе денес очекува позитивен сигнал од Кина, иако беше повлечен авансот заради незавршената процедура во таа земја.
Заев очекува „позитивен сигнал“ за кинеските вакцини: Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја

Откако на македонската власт и беше вратен капарот за кинеските вакцини, јавноста речиси се увери во неспособноста на власта предводена од Зоран Заев.

По веста и безбројот на реакции на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев не сакаше денес да лицитира со датуми кога ќе стигнат вакцините, но рече дека веќе денес очекува позитивен сигнал од Кина, иако беше повлечен авансот заради незавршената процедура во таа земја.

„Министерството за здравство објасни дека авансот е повлечен зошто ја чекавме поддршката од Министерството за надворешни работи на Кина. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапкаа. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина „Спутник“, рече Заев.

„Никој не може да каже точен датум, како ги добиваме информациите така ги споделуваме. Никаде во светот никој не може да каже кој вид на вакцина кога ќе стигне поради недостатокот. Ние направивме се, дури и авансиравме уплати за да дојдат што побргу вакцините. Во Кина авансот е пуштен и порано за да стигнат порано вакцините“, рече Заев.

Инаку денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека можеле да не кажат за вратениот капар за кинеските вакцини, но сакале да бидат транспарентни.

-Врската помеѓу вакцините и НАТО не мислам дека е најлогичната, но се разбира станува збор за прашање кое што има и безбедносни компоненти. И на последниот состанок неколку од земјите се изјаснија дека сите се соочуваме со сериозен недостиг на најважното прашање коешто денеска е во цел свет, а тоа се вакцините. Би рекла со исклучок на САД и Обединетото кралство сите други држави во НАТО се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини и побрзо. И во таа смисла сме дел од светскиот проблем. Особено тешко е за мали држави кои што во моментот кога ќе седнете со производителите се многу мал фактор заради тоа што бројките кои нам ни се потребни се можеби за некоја од големиве држави статистичка грешка, едно маало да го вакцинират, меѓутоа затоа на масата е потешко да седнете дури и ЕУ во преговорите со производителите се соочи со сличен проблем и дури сега гледате дека се прават паралели што е она што функционирало кај поединечните земји, а што не профункционирало во европскиот механизам, рече Шекеринска на новинарско прашање колку е дозволиво една држава членка на НАТО се уште да нема вакцини и по примопредавањето на американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за потребите на Армијата на Република Северна Македонија во касарната во Ѓорче Петров.

Коронавирус