понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 103
home Вести

Заев нема време или не сака да провери кој е вистинскиот директор на ПИОМ, Јовановска или нејзиниот сопруг

Заев нема време или не сака да провери кој е вистинскиот директор на ПИОМ, Јовановска или нејзиниот сопруг

Граѓаните секојдневно се повеќе сведоци на нефункциолнаноста и непрофесионалноста на  институциите. Иако СДСМ пред да дојдат на власт ветуваат професионалност на институциите сепак тоа не го исполнија. Деновие е многу актуелна темата поврзана со Билјана Јовановска, директорка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување каде јасно се гледаше како нејзиниот сопруг извршува работи поврзани со оваа институција.

По ваквата целата ситуација Зоран Заев на прашање дали е информиран дека одредени државни функционери  се однесуваат како да се нивни приватни и дали ќе следува разрешување тој  рече дека  немал време да ја разгледа целата ситуација.

-Прво овие денови сме преокупирани со многу работи како што е сеуште разгововорите со Бугарија и обиди до крајот на годината кога постои шанса за германското претседателство да направиме максимални напори, во најмала рака да создадеме атмосфера за решение догодина, ако не повеќе, завршетокот на парламентот, буџетот беше во владата, репрограмот беше усвоен, развојот на сите овие потреби поврзани со владата врзани со ковид кризата за одредени чекори како што беа дополнителни средства за обезбедување на можности за набавка на вакцина или слично. Немав можност да го согледам целиот овој пример. Сакам да ве уверам дека ќе постапиме соодветно и за сите како што и досега сме постапиле откога ќе можам да направам разговор, да ги согледам сите тие индиции и согласно тоа да превземе одредени чекори. Ние рековме дека законот треба да важи за сите, етичкото престапување исто така треба да важи еднакво за сите, но секако секој пат ќе знаеме да ја одмериме границата на одговорноста према сите. Јас апелирам до сите вас медиумите да бидете гласот на граѓаните за се што се случува по институциите зошто само така ќе ги направиме поодговорни функционерите, одговори Заев на прашањето.

Имено за потсетување целиот овој случај за Билјана Јовановска се појави претходната недела каде јасно се гледаше дека нејзиниот сопруг на некој начин управува со институција со која раководи таа.

По одговорот на Заев е јасно дека нему не му е важно што се случува по државните институции и неговото оправдување се сведува дека тој бил ангажиран за други активности кои не дадоа никакв позитивни резултати.

Локални избори 2021