недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев нема поддршка кај Македонците, па со албански гласови претставен како фаворит

Заев нема поддршка кај Македонците, па со албански гласови претставен како фаворит

Според анкетата која денес беше објавена во „Топ тема“ на Телма телевизија, за Зоран Заев како евентуален претседателски кандидат би гласале повеќе Албанци отколку Македонци. Зад Заев освен 10,2% од Македонците би гласале и 11,2% од Албанците.

Доколку се направи анализа на податоците кои ги објави Телма, станува јасно дека бројките кои ги презентираат не можат да бидат отсликување на реалната слика во Македонија.

Рејтингот на Зоран Заев, колку и да сака Телма да го претстави како успех, за него треба да биде загрижувачки. Кај Македонците, неговата поддршка вртоглаво опаѓа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според оваа анкета ужива поголема поддршка од македонскиот народ, а поголем процент доверба од Заев има дури и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Од друга страна, кај Албанците, Заев е омилен политичар меѓу останатите политичари Македонци. Според анкетата, Мицкоски има нула поддршка кај Албанците, резултат што е тендециозно наместен и во никој случај не може да биде реален. Најголема доверба меѓу албанските политичари, кај Албанците во Македонија ужива Бујар Османи кој не може да биде претседателски кандидат поради својата возраст, односно бидејќи ги нема потребните години да се кандидира за оваа функција.

Кога се спроведувала оваа анкета, било јасно дека ако сакаат да го претстават Заев како најомилен политичар, морале да се потпрат на албанското гласачко тело. Во спротивно, пред јавноста ќе требаше да се претстави вистинската слика која говори дека народот се помалку му верува на сопствениот премиер.