четврток, 22. април 2021. Вести денес: 49
home Вести

Заев нема доволно доверба во мнозинството, па мораше да го тестира: Нема нови пратеници од опозицијата кои го поддржуваат како што најавуваше тој

Заев нема доволно доверба во мнозинството, па мораше да го тестира: Нема нови пратеници од опозицијата кои го поддржуваат како што најавуваше тој

Собранието попладнево и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратенциите усно го побара премиерот Зоран Заев. За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против.

Тенкото мнозинство е кошмар за премиерот бидејќи тој не им верува дека тие му веруваат. Затоа нивната доверба мораше да ја тестира.

На виделина излезе и фактот дека Заев не ја говорел вистината кога велеше дека ќе добие поддршка и од пратеници од опозицијата.

Гласањето за доверба беше без претходна расправа.

Премиерот Заев пред гласањето истакна дека побарал пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, по прв пат на ваков начин во парламентарната историја во земјава, за да се разјаснат некои работи што во јавноста ги наметна опозицијата околу владејачкото мнозинство во Собранието. Вистината е дека Заев поради сопствениот страв го направи ова гласање.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема рече дека гласањето за доверба на владата е превоспитување на мнозинството и тоа токму кога рекоа дека ЛДП и Демократскиот сојуз ќе дејствуваат самостојно.

„Со ова Зоран Заев само купи три месеци, бидејќи според Уставот најкратко во рок од 30 дена може да се потави прашањето за недоверба на владара. Едноставно тој направи превоспитување на своето мнозинство“, рече Лефков.

Говорејќи за тоа што долго време немаше седници во собранието, Лефков рече дека одговорност за мнозинство е на она владеачкото.

„Еве на пример на вчерашната седница дојде на ред предлог закон за измени на закон за заразни болести и точката беше прескокната, зошто не дискутиравме на таа точка“, рече Лефков.

Според него, не може да се обвинува опозицијата затоа што владеачкото мнозинство не може да се собере.

„Секогаш кога ќе дојдеше да нема мнозинство ја обвинуваа опозицијата, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги повика да се закаже една седница на која ќе се стават сите закони за здаравствена заштита. Ако го направеа тоа ќе добиеја поддршка. А зошто не го прават тоа затоа што селективно си ставаат закони кои они сакаат. Тоа што немаат мнозинство е што помалите партии не сакаат да се поистовеат со поразите на Заев кои ги има на сите полиња“, рече Лефков.

Коронавирус