четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 32
home Вести

Заев: Не сум крив што нема вакцини, виновна е Србија

Заев: Не сум крив што нема вакцини, виновна е Србија

Премиерот Зоран Заев вели дека се подготвува документацијата за да пристигнат фајзеровите вакцини од Србија во Македонија.

Тој не чувствува вина што македонските граѓани се единствени во регионот и меѓу ретките во светот кои останаа без вакцини. Напротив, за тоа ја обвинува Србија.

Иако најавени, примопредовањето беше одложено бидејќи Србија сѐ уште нема добиено одобрение од Фајзер за пренамена на вакцините за македонски пазар.

-Прво се работи за подготовка на техничката документација од Фајзер кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е да стигнат овие, прво 4.000 вакцини, па после и другите 4.000 вакцини тука. Се работи на документацијата. Раководството за Србија, претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ сакаат час поскоро тоа да го направат. Затоа вака излегоа во најава. Се трудат. Првиот дел беше договорот во кој се забрзува реекспорт, односно репродавање на друга земја, па одлучија да го донираат ова. Само да почне целиот процес и да помогнат на пријателска Северна Македонија, рече Заев во изјава за медиумите пред Граѓанскиот суд.

ЕУРО 2020

Македонија