четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев не престанува да ја задолжува Македонија, со новите 700 милиони евра долг ја турка ли државата во Грчко должничко сценарио? 

Заев не престанува да ја задолжува Македонија, со новите 700 милиони евра долг ја турка ли државата во Грчко должничко сценарио? 

Ја турка ли премиерот Зоран Заев Македонија во Грчко, должничко сценарио? Иако јавниот дол го надмина Мастришкиот критериум од 60% од Бруто домашниот производ (БДП) и државата е високо задолжена земја, се најавува дека ќе следи ново задолжување од 700 милиони евра.

Економската криза која ја зафати државата како последица на пандемијата со корона вирусот Македонија ја турна во рецесија, над 55 илјади граѓани ги изгубија своите работни места. Минатата година ја завршивме со стапка на БТП од минус 4,5 отсто. Државниот завод за статистика објави дека БДП за четвртото тримесечје од ланската година изнесува минус 0,7 отсто.

Бруто домашниот производ во првиот квартал лани, кога беше и почетокот на пандемијата, имаше стапка на раст од само 0,9 отсто, потоа во вториот, кога беше достигнат и врвот на економската криза, имавме рекорден минус 14,9 отсто и во третиот од минус 3,3, отсто.

Имено, за годинава беше најавено рестартирање на економијата, секако ако на време се обезбедеше добра количина на вакцини и ако Ковид-19 се ставеше под контрола. Но, во последниот период имаме тренд на зголемување на бројот на заразени а, најавените вакцини никаде ги нема. Бизнис секторот одамна апелира власта да обезбеди вакцини ако сака рестартирање на економијата. Но, ние веќе се движиме кон крајот на првиот квартал од годинава а нема ниту вакцини кои би придонеле за нормално работење на стопанството, а нема ни помош од државата.

На ваква лоша економска состојба на државата, власта сака дополнително да ја задолжува државата за високи 700 милиони евра.
Од друга страна пак, власта велат дека буџетот е во стабилна кондиција со добар тренд на реализација на приходите, економската активност полека се враќа.

– Буџетот е во рамки на проекциите. Тој е во стабилна кондиција и во ниту еден момент за време на кризата не била доведена во прашање ликвидноста на буџетот, а сите мерки што се преземени ја зголемија ликвидноста во економијата и ќе продолжиме со предлог-мерки за подобрување на кондицијата на економијата и годината да ја завршиме со позитивна стапка според планираното од 4,1 отсто, рече вчера министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Ако буџетот е стабилен и економијата се раздвижува, тогаш зошто е потребно ново и толку големо задолжување?
На најавеното ново задолжување реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тие го поставуваат истото прашање, при што додаваат дека, Зоран Заев треба да и објасни на македонската јавност каде ги потроши 2 милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година дена, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

– Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој еден граѓанин со нови 22.000 денари. Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра од кои скоро 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години. Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори?, стои во соопштението на партијата.

Коронавирус