понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 72
home Вести

Заев не го сака Беким Сали за нов министер за здравство, загубил на избори

Заев не го сака Беким Сали за нов министер за здравство, загубил на избори

Во текот на неделава се очекува нова средба Заев-Гаши на која ќе се разговара за поделба на ресорите и кадровските прашања. Вчерашниот состанок донел само согласност за програмските дефиниции, но сепак не остана нечепнато ни прашањето за ресорите. Иако Владата во соопштението тврдеше дека на состанокот била отворена расправа за ресорите, од Алтернатива велат дека сè уште нема конкретна понуда за која е разговарано.

„Во овој момент кога разговараме нема ниту понуда, ниту конкретно барање во однос на позициите што треба да ги има Алтернатива во идната Влада. Во наредните денови веруваме дека ќе успееме да ги решиме сите овие прашања“, наведуваат од Алтернатива.

Секретарот на Алтернатива, Беким Сали, кој загуби на изборите во Чаир од Висар Ганиу е предлогот на Гаши за нов министер за здравство, неофицијално дознава Алсат од извори во СДСМ. Од Алтернатива пак, не потврдуваат ниту дали меѓу нивните барања е и да добијат еден од четворицата вицепремиери, односно за европски прашања.

„Не, не сме имале такви разговори“, тврдат од Алтернатива.

Неофицијално, името на Беким Сали било неприфатливо за Заев. Извори од средбата велат дека Заев побарал име кое не било дел од локалните избори како губитник во политичката битка. Истите извори велат дека Заев ја поддржува идејата кадрите кои загубија на локалните избори во нивните населени места, вклучително и министрите од актуелниот кабинет на Владата и неговата партија, да не бидат дел од следниот владин формат. Во разговорите, лидерот на социјалдемократите во заминување истакна дека од ресорите со кои раководат кадрите на СДСМ, нема став за кој не е преговарано, односно Алтернатива може да бара било кој ресор.

Коронавирус