сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 3
home Вести

Заев не го продаде мерцедесот, а граѓаните чекаат со часови амбулантно возило

Заев не го продаде мерцедесот, а граѓаните чекаат со часови амбулантно возило

Ќе го вратам „мерцедесот“ и со тие пари ќе се набават амбулантни возила за клиниките во Македонија, изјавуваше Заев во екот на локалните избори.

Време помина, а „мерцедесот“ не се продаде, премиерот се вози со него додека животите на граѓаните висат на конец чекајќи амбулантно возило да дојде на време.

До пред година дена, година и пол во службата за Итна помош имаше единаесет возила. Сега тој број е преполовен или функционираат само пет возила. Ова најмногу го чувствуваат граѓаните кои имаат дома лица на кои им е потребна итна помош во домашни услови.

Пред околу една година во службата за Итна помош се користеа 11 возила. И тоа во Карпош имаше три екипи, во Јане Сандански имаше две екипи, Чаир исто работеа две екипи, во Ченто имаше една екипа, во Ѓорче Петров, Драчево, Петровец имаше по една екипа.

Во тој период сите беа функционални, но сега повеќето од нив воопшто не се во возна состојба, велат упатените кои додаваат дека по потреба во Карпош имало плус по една до две екипи.

Мерцедесот ниту е продаден, ниту е заменет за амбулантни возила или инкубатори за бебиња.

Дали на Заев сепак му е поважно неговиот комодитет отколку животите на граѓаните?

Најнови вести

Коронавирус