четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 111
home Вести

Заев не го интересира загриженоста на граѓаните и американска амбасада за именувањето на Командант Хоџа за советник

Заев не го интересира загриженоста на граѓаните и американска амбасада за именувањето на Командант Хоџа за советник

Реакциите и револтот од страна на граѓаните по именувањето на Џезаир Шаќири – алијас командант Хоџа за советник за безбедност и борба против радикализмот во владата на Зоран Заев, не стивнуваат. Пред само неколку дена реакција до „Илинденска“ пристигна и од  Американската амбасада во Скопје, посочувајќи дека се загрижени за именување на двајцата советници на Заев, Љубе Бошковски како советник за привлекување на странски инвестиции и Џезаир Шаќири – Хоџа за советник за борба против радикализмот, бидејќи и двајцата се наоѓале на црната листа на САД.

На прашање за ставот на Американската амбасада од ТВ21 се наведува дека ја изразиле загриженоста до Владата на Заев и дека со фактот дека овие високи функционери во владата се наоѓаат на црната листа, ова претставува ненадминлива пречка  за работниот однос меѓу владата и амбасадата.

-Ние ја изразуваме нашата загриженост до Владата на РМ бидејќи сметаме дека назначувањето на одредени функционери претставува проблем. На претставниците на американската амбасада во Скопје им се забранува да имаат работна со луѓе што се на листа на контрола на странски имот да одредени државјани како и блокирани лица, се вели во одговорот на амбасадата на САД.

Според одредени неофицијални информации кои ги пренесуваат дел од медиумите незадоволство има и од страна на коалициониот партнер на СДСМ, Демократската унија за интеграција, поради ваквата одлука на Заев.

Но зошто се уште премиерот Зоран Заев не реагира на незадоволството, реакциите и револтот  од страна на граѓаните и укажувањата на Американската амбасада, отвора дилема дали Заев е уценет и поради тоа ги вдомува и дели високи функции од „ракав“ на грб на народни пари.

За потсетување Џезаир Шеќири Хоџа е еден од првите команданти на т.н. ОНА, уште од време на настаните околу с. Танушевци. Подоцна е активен и во кумановско липковскиот регион и во с. Арачиново.  Се работи за лице исламско-фундаменталистички фанатик и лице поврзано со директно извршување убиство на припадник на МВР во ТЦ. Чаирчанка Скопје.

Коронавирус