понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев не гледа скандал околу 35-те мртви новороденчиња: Тоа не било далеку од европскиот просек!

Заев не гледа скандал околу 35-те мртви новороденчиња: Тоа не било далеку од европскиот просек!
ФОТО: МИА

За случајот со смртноста на 35 бебиња за период од првите три месеци годинава на Клиниката за гинекологија и акушерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, премиерот Зоран Заев се надева дека одговор на оваа тема ќе дадат експерти и стручни луѓе.

Тие, вели Заев, гостувајќи на телевизија 24, треба да излезат и да ги кажат аргументите, да одговорат што се случуваше таму.

– Треба да излезат лекари од гинекологија, од Клиниката за детски болести и да кажат како ја прават паралелата со европските земји. Ние не сме толку далеку од просекот на Европската унија, односно од просекот на европските земји. Нешто можеби сме повеќе, но не сме толку далеку за да биде толку драматично, рече Заев говорејќи во интервјуто за телевизија 24.

Најнови вести

Коронавирус