петок, 18. септември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Заев не гледа проблем во „плата на рака“- Дали и неговите фирми исплаќаат плата во плико!?

Заев не гледа проблем во „плата на рака“- Дали и неговите фирми исплаќаат плата во плико!?

Премиерот Зоран Заев во текот на вчерашното гостување на МТВ повторно го правдаше давањето на дел од плата во плик. Според него тоа било легално-полулегално и не може да биде казнето.

Тој дури посочи дека и фирми од земјоделскиот сектор и праработувачката индустрија, каде што функционираат фирмите на семејството Заеви ова е практика.

– 66% од професиите, вклучително и вашата новинарска, делот на земјоделската професија, каде што доаѓаат и семејството Заеви и во делот на прехрамбената индустрија и во делот на градежништвото многу, во делот на угостителството многу имаме исплаќање на дел од плата во плико – рече Заев.

Проблемот според премиерот е во тој што ги прима парите и дека работниците треба да ги пријавуваат и да плаќаат даноци за овие дополнителни средства кои како што самиот вели бизнисмените полулегално ги исплаќаат.

Зоран Заев со ваквата изјава без малку признава дека и фирмите на Заеви исплаќаат плата во плико, но за тоа виновни се работниците.

Коронавирус