понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 153
home Вести

Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку Бугарија стави вето за одржување на првата меѓувладина конференција што според најавите треба да се одржи за време на Германското претседателство со Европската Унија, односно најдоцна до крајот на годинава.

-Апсолутно не се согласувам со тезата дека треба да поднесам одговорност и да поднесам оставка, бидејќи во предизборието главно ветување ми било почеток на преговорите со Европската Унија. Главен аспект на кој беше насочена кампањата  беше борбата против Ковид, новата македонска економија, прочистувањето на правосудството и владеење на правото во државата. Јас не дека ќе избегнам одговори во иднина за било кое прашање, но до последен момент верувам дека ќе успееме во преговорите за разликите со Бугарија, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека и досега покажале сериозни успеси во договарањата и преговарањата и во напредокот на земјата.

-Денеска сме членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговори со ЕУ после 15 години. Како и да се спореди ова со претходните владеачки политички структури сепак сме светлосни години понапред од она што претставува алтернатива во нашата земја, потенцира Заев. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус