среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 131
home Вести

Заев не дојде на рочиштето со Николоски

Заев не дојде на рочиштето со Николоски

Премиерот Зоран Заев не се појави на рочиштето од тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Заев е навреден од изјавата на Николоски дека Заев е на врвот на пирамидата која изрекетирала 20 милиони евра.

Николоски на рочиштето побара во доказите да влезе и изјавата на Бојан Јовановски: „Парите од рекетот барајте ги кај Вице и Зоран Заев”. Исто така Николоски побара да се земе во целост неговата изјава за која Заев покрена тужба, а не селективно, додавајќи дека до судот е доставен само оној дел кој веројатно му одговара на тужителот.

Николоски побара и Заев како тужител да биде испрашан од страна на судот.

Рочиштето е одложено за 20 ноември.

фото: republika .mk

Коронавирус