понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Заев најавува: Платите ќе паѓаат уште, имаме недостаток од 2 милијарди денари

Заев најавува: Платите ќе паѓаат уште, имаме недостаток од 2 милијарди денари

Во вечерашната емисија на Алсат телевизија, Зоран Заев истакна дека покрај кредити од 600 милиони евра ќе фалат уште 600 милиони евра тоа се 36 милијарди денари, импактот на буџетот за кратење на платите е две милијарди денари штедиме од кратењето на платите, но што ќе кратиме следно.

Тој рече дека основните трошоци коишто државата мора да ги покрие се социјалните трансфери пензиите, платите и трансферите за здравство, како и тоа дека кумулативно импактот од буџетот за плати се милијарда денари, за два месеца 2 милијарди денари, но не можеме да гледаме само така.

-Работата во државата е многу сериозна, ако не скратиме во одредени други институции коишто ги немаат редовните примања коишто ги имале пред кризата од каде пари, тие институции ќе бидат помогнати од страна на владата, владата мора да го стабилизира буџетот, вели Заев.

Заев вели дека дал свое мислење дека ако треба да се задолжи владата 2 милијарди евра тоа да го направи, но вели нема 3 милијарди, поднесено било до 10 банки за 400 те милиони да ги осигураме, реално од тие 10 за 4 банки очекува одговор, една од тие банки од Италија веќе им одговорено дека нема пари .

Коронавирус