среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Заев најави промена на историјата на Македонија во учебниците по желба на Бугарија

Заев најави промена на историјата на Македонија во учебниците по желба на Бугарија

Сите сме свесни дека разговорите со Бугарија треба да продолжат без разлика на исходот од претстојниот Совет на министри, изјави премиерот Зоран Заев, додавајќи дека треба да се решаваат проблемите, меѓу кои и овој кој, како што вели, се појавил пред кратко време.

– Треба да се имплементираат Договорите со Грција и Бугарија. Во оваа насока, Бучковски треба да е мотиватор за реализација на договорите. Разговорите, пак со Бугарија, ги води МНР, односно Бујар Османи, а вклучен е и вицепремиерот Никола Димитров. Тука е секако и мојот кабинет, но и амбасадарот во НАТО, Дане Талевски. Деновиве се прават напори за да се изнајде решение. Ние претходно го подготвивме народот дека е можно да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа и да започнат преговорите. Но, нашата стратегија е дека треба да продолжиме да разговараме и ќе правиме максимални напори до последниот момент, изјави Заев.

Тој додаде дека Владо Бучковски како специјален претставник ќе има мандат за една година и ќе работи на акциски план за подобрување на реализацијата на Договорот со Бугарија, што би довело до зајакнување на пријателството. Заев откри дека планот опфаќа и побрза изградба на Коридор 8, соработка во енергетиката, образованието, здравството, како и за историсите прашања.

Премиерот повтори дека грижата за националните интереси е секогаш добредојдена, но дека гарантира дека не се преговара за идентитетот и јазикот, бидејќи тоа е право на самоопределување, додавајќи дека работната група на МНР преговара за говорот на омраза и бугарските стравувања за територијални претензии со користењето на скратената верзија на името на земјата.

– За Мицкоски и душегрижниците, кои прават шамата, можам само да кажам дека сето ова што го прават е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба за заштита на македонскиот јазик и идентитет, кој инаку го заштитивме со Преспанскиот договор. Тоа е лажен патриотизам, рече Заев, истакнувајќи дека освен ЕУ – друг пат нема.

Премиерот откри дека на денешната средба на Комисијата за историски прашања бил постигнат напредок, а разговорите се водат во пријатна и пријателска атмосфера, додавајќи дека во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата за историски прашања.

Коронавирус