понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 154
home Вести

Заев најави прес-конференција во 18:30 часот, дали ќе објави дека како резултат на истрагата паднала температурата на Мијалков?

Заев најави прес-конференција во 18:30 часот, дали ќе објави дека како резултат на истрагата паднала температурата на Мијалков?

Премиерот Зоран Заев вечерва во 18:30 часот на платото пред Владата ќе даде изјави за медиумите во врска со појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот.

Заев, како што најави владината прес-служба, ќе биде придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Претходно, попладнево обвинетиот Сашо Мијалков се појави во Јавното обвинителство, каде што му беше и врачено решението за домашен притвор.

Мијалков пред ЈО изјави дека не избегал, туку бил изолиран заради висока температура и симптоми на коронавирус.

Се поставува прашањето дали премиерот Заев на прес-конференцијата ќе објави дали како резултат на истрагата паднала температурата на Мијалков?

Коронавирус