понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 100
home Вести

Заев најави нова „метла“, на ред се директорите

Заев најави нова „метла“, на ред се директорите

Централниот одбор на СДСМ синоќа ги разреши генералниот секретар на партијата, шестте потпретседатели, организацискиот секретар и цел Извршен одбор (24).

Разрешен е Александар Кирацовски од генерален секретар, Миле Зечевиќ од организациски секретар, Дане Талески  од секретар за меѓународна соработка, разрешени се и потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Закири и Благој Бочварски,како и претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова.

Овие позиции, како што се најавува, треба да се пополнат на нова седница на ЦО – на 9 или на 16 јуни.

Зоран Заев, како претседател на СДСМ, претходно разреши 78 претседатели на општински организации на партијата.

За министерските смени ќе се одлучува на нов состанок.

За „метлата“ во извршната власт, Заев најави смена на повеќе од шест министри што значи дека ќе се оди на реконструкција на Владата и гласање на новиот кабинет во Собранието каде се потребни 61 глас од пратениците.

„Повеќе министри ќе бидат опфатени со реконстукција. Бројката не ја кажувам. Досега се сменети шест. Ќе биде блиску до третина од кабинетот за да има реконструкција на Влада. Значи ќе има повеќе од тројца. Очекувам фидбек од Али Ахмети, од Гаши и од Тачи, од сите претставници на коалиционите партии“, најави Заев.

Тој не потврди, ниту демантираше дека тоа може да бидат и двајца од потпретседатели на партијата кои се на министерските места. Најави дека нема да има ротација на кадрите, туку нови лица и дека ќе има разрешувања во јавните претпријатија, агенциите и надзорните и управноите одбори.

Извор: mkd.mk

Коронавирус