понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Заев на суд за лажните предизборни ветувања кон родителите на момчињата убиени кај Смиљковското езеро

Зоран Заев ќе мора да сведочи на судењето за случајот „Монструм“. Сведочењето е по барање на обвинителството и на родителите на убиените момчиња. –Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо, изјавија родителите на убиените момчиња за емсиијата КОД. -Ние сме огорчени од тоа, од самиот Заев. Многу ни ветуваше и на крај ништо. -Неговата гаранција видовте колку ни вреди, потенцираа родителите на егзекутираните деца..
Заев на суд за лажните предизборни ветувања кон родителите на момчињата убиени кај Смиљковското езеро

Зоран Заев ќе мора да сведочи на судењето за случајот „Монструм“. Сведочењето е по барање на обвинителството и на родителите на убиените момчиња.

Освен Заев, кој случајот со грозоморното убиство го искористи како гол предизборен маркетинг, ветувајќи им на родителите снимки и наводна вистина за убиството на синовите, во судница на барање на обвинителството ќе сведочат и Звонко Костовски, Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски Радникот.

-Бараме да сведочи Звонко Костовски за начинот на кои се предадени бомбите од УБК до СЈО. Зоран Заев го повикуваме во однос на неговите информации за овој случај, рече обвинителот Гаврил Бубевски.

Во судница ќе треба да сведочи и Трајковски, вработен во МВР, чии телефонски разговори беа пуштени во судница, а од кои се создаде впечаток дека предупредил дека ќе се случи нешто лошо.

-Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто, вели полицаецот Зоран Т. на соговорникот Никола Н.

Вработениот во безбедносните служби разговара со уште неколку соговорници и го повторува истото.

Годините минуваат, но болката кај роднините на убиените не поминува.

Сол на нивната рана е фактот што убијците се на слобода. Во целата темнина која со години ја живеат, искра надеж добиле токму во ветувањата на Заев дека со нив ќе сподели докази.

Но родителите сфатија дека политичарот само сакал власт, а не правда. Беа најгрубо изиграни, а тоа беше уште еден удар кој ги боли многу.

КОД објави цел документарец за трагичната судбина, а во него ги имаше и сведоштвата на родителите на убиените момчиња.

Огорчени се на неправдата која поранешниот премиер им ја нанесе.

–Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај, ни прати порака дека ќе ни ги даде тие државни тајни, од тоа ништо. -Ние сме огорчени од тоа, од самиот Заев. Многу ни ветуваше и на крај ништо. -Неговата гаранција видовте колку им вреди, посочија родителите на егзекутираните деца кај Смиљковското езеро.

Коронавирус