петок, 23. јули 2021. Вести денес: 148
home Вести

Заев на средби со граѓани во Радовиш

Заев на средби со граѓани во Радовиш

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш се сретна со претставници на бизнис секторот, со младите, со земјоделците, со спортистите со кои, како што најави ќе разговараат за понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ ја нуди за решенија за граѓаните.

-Понуда која носи нова развојна македонска економија, која ќе обезбеди нови инвестиции, работни места и повисоки плати за сите наши граѓани. Се обврзуваме за четири години да обезбедиме 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции, најмалку една милијада евра странски инвестици за четири години, инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисните, рече Заев.

Тој најави продолжување на поддршката за инвеститорите за домашните и за странските компании во износ од 600 милиони евра и тоа 300 милиони евра од домашни средства и 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат пред нас само за реализација на нови инвестиции во државата.

-Мерките и политиките што ги носиме обезбедуваат дополнителен пад на невработеноста. Стапката на невработеност ќе ја намалиме по три отсто годишно, со цел во 2024 година стапката на невработеност да биде едноцифрена, изјави Заев во Радовиш.

Коронавирус