недела, 5. декември 2021. Вести денес: 71
home Вести

Заев на прес чита одговор на новинарско прашање од прв до последен збор (ВИДЕО)

Заев на прес чита одговор на новинарско прашање од прв до последен збор (ВИДЕО)

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако го прочита говорот на денешната прес-конференција, продолжи да чита и одговор на новинарско прашање!

Дали случајно модераторот на прес- конференцијата прво и даде збор на новинарката која му го постави прашањето на Заев, а тој го исчита од прв до последен збор?

Се поставува и прашањето: Знаеше ли Заев што ќе го прашаат, па имаше веќе подготвен одговор кој го прочита?

Она што е исто така симптоматично е оти Заев не ги извади ниту очилата додека го „одговараше“ прашањето, а по одговорот веднаш ги симна па на следните прашања даваше одговори без очила.

-Повикувате на обединување, го очекувате, но што доколку го нема? Ќе можете ли да продолжите на патот кон ЕУ, Отворен Балкан и слично, се што ставате на контото на Македонија?, го праша новинарката премиерот и лидер на СДСМ, а тој веднаш „се фати за работа“ и „одговори“ на прашањето.

Неговиот „одговор“ погледнете го на следното видео од 23,52 до 27,25 минути.

Коронавирус