понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

„Заев на 4 дена пред избори дели поткуп на 160 фирми, а Кондовски во Битола разнесува црни вреќи“

„Заев на 4 дена пред избори дели поткуп на 160 фирми, а Кондовски во Битола разнесува црни вреќи“

Заев на 4 дена пред избори дели поткуп на 160 фирми, а Кондовски во Битола разнесува црни вреќи. Вчера на седница на влада се изгласа поткуп за 160 фирми, насловена како финансиска помош за фирмите. Доколку ова беше помош, а не поткуп можеше да се изгласа пред или по изборите. Но се гласа сега затоа што Заев е во паника и знае дека губи, па сака да го намали поразот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ врши поткуп, активисти и советници од власта се шетаат со црни вреќи низ Битола, се плашат од огромен дебакл.

Видео материјалот кој го објавија медиумите јасно покажува дека советници од власта во Битола во брендирани возила на Христо Кондовски носат црни вреќи во Баиро.

СДСМ знае дек губи и затоа прибегнува кон поткуп, свесни се за огромниот пораз кој им претстои.

За сите случаи на поткуп ќе бидат известени меѓународните претставници во земјава и ќе бидат поднесени соодветни пријави. Одговорност мора да има, стои во партиското соопштение.

Локални избори 2021