вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Заев може да не биде мандатар за формирање на Владата?!

Заев може да не биде мандатар за формирање на Владата?!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може да излезе со друг мандатар за формирање на Владата, а не со нејзиниот лидер Зоран Заев.

Ова би можело да биде компромис меѓу СДСМ и ДУИ, која може да се откаже од својот предлог за мандатар Албанец.

Партиски извори за ИНА изјавија дека ова прашање е на преговарачката маса, но дека сеуште ништо не е конечно, бидејќи на Заев му е тешко да се откаже, бидејќи тој е победник на изборите.

„Ова е еден од преставените предлози, бидејќи се цели да се оди со владин кабинет без багаж и без биографии вмешани во прислушувања и скандали кои беа дел од политичките судири во изминатиот период“, дознава ИНА од партиски извори.

И меѓународната заедница бара Влада со нови имиња, кои не се вмешани во прислушувања, скандали и корупциски афери, но и во други скандали, затоа што сега веќе станува збор за земја членка на НАТО.

Коронавирус