недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Заев: Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари

Заев: Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари

Ние сме левичарска влада, доминантно социјалдемократска, мене ми е логично и фер оние што имаат повисоки приходи, што имаат повеќе, да платат повеќе, а тие што имаат помалку, преку институциите да добијат повеќе, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која тој и вицепремиерот Кочо Анѓушев се обидоа да го оправдаат воведувањето на праведниот данок.

Најавата на Владата дека ќе се воведе прогресивниот данок на нозе ја крена бизнис-заедницата. Бизнисмените велат дека наместо да се реши сивата економија, ќе се уништи средната класа.

–Преку повеќе механизми на поддршка тежнееме да ја вратиме средната класа, го правиме доброто за најголемиот дел на граѓаните. Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската и над претседателската плата. Треба да имаме мотивирани медицински сестри, мотивирани специјалисти и лекари, треба да продолжиме да ги спроведуваме реформите. Верувам дека сите длабоко во душата знаеме дека ќе биде ова наше општество ќе биде поквалитетно ако бидеме солидарни, а солидарноста ја прават тие кои добваат повеќе, кои имаат бизниси – рече премиерот.

Коронавирус