среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Заев: Многу сте негативен, Мицкоски: Лош и мачен е животот на граѓаните

Заев: Многу сте негативен, Мицкоски: Лош и мачен е животот на граѓаните

„Луѓето не само што се чувствуваат измамено, не само што се чувствуваат разочарани туку апсолутно никакво милосрдие од страна на Зоран Заев и оваа гарнитура на тие луѓе не им е потребна. Туку на нив им е потребна стратегија“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот на МРТ со Зоран Заев.

Заев не знаејќи како да се одбрани и неговиот аргумент беше – „Господине Мицкоски на крај од кампањата сме, не мора да бидете толку негативни, не мора да бидете толку антагонистички настроен за се“.

„Ќе добијат, затоа што ќе биде влада на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе води чесна политика и политика која што ќе биде нотирана кон првенцијата на пациентите и здравствените работници. А, со самото тоа каде што велите вие дека сум јас негативен г. Заев, јас сум опозиционер и се спротивставувам на вашите политики. Бидејќи вие со самото тоа што кажавте власт, вие длабоко во себе кажувате што мислите за овој народ, јас немам право да владеам со мојот народ г. Заев. Туку заедно со мојот народ ја обновувам Македонија од пепелта во која што вие ќе ја оставите Македонија“, нагласи Мицкоски.

Коронавирус