понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 50
home Вести

Заев манипулира со матурантите, по два месеци виде дека постојат незадоволни средношколци

Заев манипулира со матурантите, по два месеци виде дека постојат незадоволни средношколци

По средбата на средношколците-штрајкувачи со премиерот Зоран Заев, ситуацијата со полагањето на матурата остана статус кво.

По завршувањето на состанокот премиерот најави дека ќе се потруди да изнајде решение, но кога и на кој начин не соопшти. Борбата на Владата е само да купува време, бидејќи доколку не се најде решение за барањата на матурантите до крајот на месецот тие најавија дека ќе постават камп пред зградата на Министерството за образование.

-Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија”, рече премиерот Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци.

А решение за намалување на предметите за полагање на државна матура реално нема. На кој начин премиерот Заев размислува да изнајде решение за матурантите кога ставот на МОН е јасен.

Промена на моделот за полагање на државна матура не може да има среде учебна година. Министерката Мила Царовска неколку пати досега најави дека е можна негова промена, но од следната година.

-Не може да се излезе во пресрет на барањата на Сојузот на средношколци бидејќи полагањето на матура е засновано на закнот. Јас имам обврска како министерка за образование и наука да го спроведувам доследно Законот, вели Царовска.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе предлог-измени на Законот за средно образование со кои во услови на криза, односно оваа и евентуално следната година, матурантите би полагале два предмети за државна матура.

Но, СДСМ веднаш на тоа реагираше негативно, дека континуитетот на наставата и матурата се во најдобар интерес на учениците и идните генерации.

Ги повикуваме и апелираме до матурантите и учениците да не подлегнуваат на политичките манипулации.

ЕУРО 2020

Македонија