недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Заев лажел и за фантомските гласачи: Такво нешто не постои, директорот на Државниот завод за статистика го попари Заев (ВИДЕО)

Заев лажел и за фантомските гласачи: Такво нешто не постои, директорот на Државниот завод за статистика го попари Заев (ВИДЕО)

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вечерва го демантираше премиерот Зоран Заев и истакна дека фантомски гласачи никогаш немало.

Нема врска, ни фантомски гласачи ни ништо, вели тој.

Симовски со оваа реченица целосно ја разобличи конструкцијата на тогаш опозициската СДСМ за фантомски гласачи поради кои наводно дотогашните избори не беа легитимни.

Сега гледаме дека такво нешто никогаш не постоело.

-Видете што се случуваше со избирачкиот список, кога излезе во јавноста кога можеше секој да види внатре, се случуваа чуда и како ги нарекуваа фантомски гласачи. Нема врска, ни фантомски гласачи ни ништо. Тоа се оние не променети адреси, се уште егзистираат луѓе на одредени адреси, особено па оние кои се наоѓаат надвор од земјата. Тие за да го задржат правото на државјанство се уште се водат со адреса во државата. И може луѓе кои што пред 50/60 години си отишле од тука живееле во објект кој што се наоѓал на одредена адреса. Мислам дека тоа беше полициската станица во Лисиче таму имаше живи лица. Тие не се фиктивни лица, тие живеле таму некогаш, имало таму објект во кој што се живеело, тој е срушен направена е полициската станица ама куќниот број на тој објект не е сменет, потенцираше Симовски.

Во 2016-та година Заев очајно се обидуваше да ги одложи предвремените парламентарни избори кои толку гласно ги бараше, а главното оправдување за таквото делување беа токму фантомските гласачи.

-Веќе за сите е јасно колку фантомски гласачи има во Избирачкиот список. Граѓаните деновиве и практично се уверија во тоа откако е јавно објавен од ДИК актуелниот Избирачки список. Секојдневно реагираат за разни воочени неправилности и злоупотреби. Ова само потврдува дека клучно за фер и регуларен изборен процес потребен е чист и доверлив Избирачки список, изјави Заев на 9 март 2016-та година.