недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Заев лаже за 3 милјарди инвестиции, месецов две фабрики ја напуштија Македонија

Заев лаже за 3 милјарди инвестиции, месецов две фабрики ја напуштија Македонија

Зоран Заев на гостување во Емисијата „Економски Магазин‘‘ на Алсат Телевизија во поглед на економијата и справувањето со економските последици од корона кризата изјави дека очекува финансиска поддршка и инвестициитепред се домашни и странски.

Заев вели дека очекува Владата да привлече странски инвестииции во вредност од 3 милјарди инвестиции.

„Во моментот се разговара за 3 милијарди вредни странски инвестиции, 10 проценти да успеат, 300 милиони се тоа. Тоа е сериозно, тоа е 2,7 проценти од БДП на државата‘‘ изјави Заев.

Наспроти ваквите тврдење на Зоран Заев, Владата раскина договор за закуп на земјиште во Бунарџик со две странски компании за еден месец.

Ова е прв пат до сега од страна на државата да се раскинат договори за закуп на земјиште со странски инвеститори, а тоа сега се случува на два пати во текот на минатиот месец.

Владата за помалку од еден месец раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Минатата недела Владата даде дозвола на Дирекцијата да го раскине договорот со фармацевтската компанија Саген, кој требаше да инвестира 20 милиони евра во Илинден.

Со албанскиот инвеститор беше потпишан договор во 2018, кога на прес-конференција беше објавено дека ќе вложува во две фази и дека ќе отвори 300 работни места.

Подоцна имаше и свечен чин на отпочнување на изградбата со владини претставници. Две недели претходно беше одлучено да се раскине и договорот со Кеслер.

Германската компанија која во Бунарџик најавуваше 150 висококвалификувани вработувања во Бунарџик најверојатно останува да произведува електромотори во изнајмениот објект во Илинден. Договорот со Кеслер беше постигнат на крајот на 2017 а беа најавувани 150 вработувања.

Коронавирус