недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 81
home Вести

Заев лани прославуваше датум за преговори, а неговиот советник вели дека ни овој јуни нема гаранција за почеток на преговорите

Заев лани прославуваше датум за преговори, а неговиот советник вели дека ни овој јуни нема гаранција за почеток на преговорите

Советникот на премиерот Зоран Заев за надворешна политика, Дане Талевски во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма вели дека Република Македонија нема гаранција дека во јуни ќе добие позитивен сигнал за почеток на преговорите за влез во Европската Унија.

Нема гаранција дека јуни или јули ние ќе добиеме позитивен сигнал. Може сега кога ќе се сретнат да речат знаете што комплицирана е ситуацијата во Европската унија и нема да има проширување, смета Талевски.

Премиерот Зоран Заев уште лани убедуваше дека Македонија има добиено датум за преговори иако еве речиси година дена по таа негова изјава нема ни трага ни глас од најавениот датум.

Тој на 30 јуни 2018 година во интервју за Дојче веле на македонски јазик ја оцени како „историска“ одлуката на ЕУ за датум за отпочнување преговори за членство на Македонија и Албанија, оценувајќи оти консолидацијата на ЕУ ќе биде довршена дури кога Унијата ќе го прифати Западен Балкан.

– Добивме датум за преговори – јуни 2019. Дотогаш, заедно со нашите пријатели и партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, односно на имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ- рече лани во јуни премиерот Заев.

Коронавирус