четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 161
home Вести

Заев ќе прифати предвремени парламентарни избори ако Пендаровски изгуби на претседателските

Заев ќе прифати предвремени парламентарни избори ако Пендаровски изгуби на претседателските

Ако не победи кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски, спремен сум да разговарам со опозицијата за предвремени парламентарни избори, рече премиерот, Зоран Заев во вечерашната дебата на Канал 5.

-Тоа би и дало кредибилитет на опозицијата да повика на избори. Јас кажувам јасно и гласно, прифаќам предвремени парламентарни избори ако побара опозицијата доколку Пендаровкси изгуби. Така треба и Мицкоски да каже јасно и гласно дали ќе си поднесе оставка ако изгуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ,  рече Заев.

Мицкоски на тоа рече дека е избран за претседател на партијата на конгрес и дека има мандат од четири години.

-Мицкоски ќе ве победи на следните парламентарни избори, ако си останете на зборот, додаде тој.

Коронавирус