петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Вести

Заев: Ќе ја примам вакцината меѓу првите

Заев: Ќе ја примам вакцината меѓу првите

Меѓу првите ќе ја примам вакцината за да докажам дека е безбедна и да дадам личен пример во борбата против пандемијата, рече премиерот Заев и додаде дека за празниците ќе остане дома со семејството. Упати и препорака до сите функционери заедно да бидат позитивен пример за сите граѓани.

Заев на денешната прес-конференција истакна и дека веќе е уплатен авансот за нарачаните 833.000 дози вакцини. Премиерот им порача на граѓаните да ги прослават новогодишните празници одговорно, напоменувајќи дека владата ги прифати новите рестриктивни мерки, односно забрана за славење на отворен и затворен простор, а угостителските објекти ќе работат до 18 часот.

Коронавирус